Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид го договори Давид Алаба на пет години

Обидите на Баерн Минхен да го задржат Давид Алаба не вродија со плод, по сезоната без трофејот, Реал Мадрид реагираше брзо и донесе големо засилување во одбраната. Вакво нешто се очекуваше, а најголемиот светски клуб официјално го потврди доаѓањето на австрискиот репрезентативец денес.

„Ја информираме јавноста дека нашиот клуб постигна договор со Давид Алаба. Тој ќе потпише петгодишен договор со Реал Мадрид“, стои во краткото соопштение на гигантот од Мадрид.

Алаба ќе биде претставен како нов играч на Реал Мадрид по завршувањето на Европското првенство. Алаба пристигна во Мадрид како слободен играч, откако му истече договорот со Баерн, а неофицијално, во новиот клуб ќе инкасира околу 12.000.000 евра годишно, колку што во моментов добива Серхио Рамос.

Доаѓањето на Алаба значително ќе ја засили конкуренцијата на стоперската позиција, имајќи предвид дека иднината на Варан и Рамос е сеуште неизвесна. Бројни клубови како Барселона и Челси покажаа интерес за искусниот дефанзивец во последните месеци, но поранешниот играч на Баварците го избра дресот на Реал.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!