ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Првата лига повторно ќе ја гледаме на ТВ

Првата македонска фудбалска лига се враќа на ТВ екрани, а прв натпревар кој ќе биде пренесува во новата сезона ќе биде мечот меѓу Работнички и Пелистер кој ќе се емитува на спорските канали „Арена“ како и на МТВ.

Академија Пандев како што веќе претходно беше објавено своите ТВ права ги продаде на „Спорт Клуб“, па прволигашките натпревари од Струмица ќе ги гледаме на овие канали. Засега не е познато што со ТВ правата на Шкендија, која се повлече од пакетот со останатите прволигаши за пренос на „Арена“ и МТВ.

Инаку, ТВ преносот од мечот меѓу Работнички и Пелистер е во недела со почеток од 15:00 часот на „Арена“ и на МТВ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!