Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Правилото „гол во гости“ повеќе не важи!

Долго време се најавуваше, а денес конечно беше официјализирано, УЕФА направи голема промена за следната сезона во сите натпреварувања кои што се под нејзина организација.

Од следната сезона, односно од 2021/22 правилото „гол во гости“ заминува во историја и повеќе нема да важи. Често пати во важни дуели во нокаут фазата во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа одлучувачки фактор беше правилото гол во гости. Тоа значи дека двете екипи сега ќе бидат израмнети, односно голот во гости и голот постигна на домашен терен ќе има еднаква вредност, а во случај на нерешен резултатот ќе се оди на продолженија.

Правилото „гол во гости“ гости повеќе нема да го има во Лигата на шампионите, Лигата на Европа, како и во Конференциската лига. Инаку, ова правило, „гол во гости“, е едно од најстарите правила во фудбалот, кое стапи на сила во даличната 1965 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!