ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Познати сите клубови кои ќе настапуваат во Трета лига – Исток, закажан стартот за новата сезона

Вечерва во Штип, како што најави Спортска Мрежа, беше одржан првиот состанок за новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток, каде беше утврдено кои екипи ќе настапуваат во новата сезона, беше утврдена котизацијата, договорен е ждребот, како и стартот на сезоната.

Во новата сезона во Трета лига – Исток ќе се натпреваруваат вкупно 12 екипи, а по долги години се враќа третолигашкиот фудбал во Богданци и Валандово, додека пак Дојран останува без третолигашки фудбал. Третолигашкиот фудбал по пауза од една сезона се враќа и во Струмица, а Радовиш втора сезона по ред ќе остане без третолигашки фудбал, откако Плачковица се фузираше со второлигашот Детонит, а пак Раклиш не пријави учество.

  • Екипи кои ќе настапуваат во сезона 2022/23 ТМФЛ – Исток: Рудар (Пробиштип), Малеш (Берово), Карбинци (Карбинци), Осогово (Кочани), Овче Поле (Свети Николе), Чешиново 2015 (Чешиново), Брегалница (Делчево), Тиверија (Струмица), Хоризонт Турново (Турново), Василево (Василево), Победа (Валандово) Вардарски (Богданци).

Како што дознава Спортска Мрежа, неофицијално и Академија Чешиново-Облешено е можно да настапуваат во новата сезона, но засега нема официјална потврда.

Котизацијата ќе изнесува 110.000 денари, а од истата 60.000 денари ќе треба да бидат уплатени до 19. аввгуст, додека пак останатите во пролетната полусезона, дознава Спортска Мрежа. Дополнително, клубовите ќе ги плаќаат картоните и казните.

Екипите кои до 19. август нема да ја уплатат котизацијата, нема да настапуваат во новата сезона.

Ждрепката е закажана за 19. август (петок), додека пак стартот на новата сезона е закажан за 4. септември (недела), дознава Спортска Мрежа.

Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со спортскиот портал СпортскаМрежа.МК.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!