Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Поранешниот селектор на Шпанија е нов тренер на Гранада

Морено беше асистент на сегашниот шпански селектор Луис Енрике, потоа во Рома, Селта Виго и Барселона пред да се приклучи на репрезентацијата во 2018. Тој ја презеде селекторската функција во март 2019 година кога Луис Енрике привремено се повлече од функцијата откако на неговата ќерка и беше дијагностициран рак.

Морено стана селектор во јуни 2019 година кога Луис Енрике реши да се повлече од таа позиција и ја предводеше репрезентацијата на Шпанија низ квалификациите за ЕП 2020.

Тој се повлече во ноември 2019 година кога Луис Енрике одлучи да се врати на селекторската позиција три месеци откако неговата ќерка почина.

Тој го презеде Монако во ноември 2019 година, но беше отпуштен во јули следната година по седум победи, четири порази и две нерешени средби.

Морено, кој потпиша двегодишен договор со Гранада, ќе го замени Диего Мартинез на клупата на тој шпански прволигаш, кој го одведе клубот од Андалузија во Лига Европа за прв пат во историјата. Во четвртфиналето загубија од Манчестер Јунајтед.

Гранада го заврши шампионатот на деветтото место.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!