ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ОстанатоФудбал - ПРВА ЛИГА
ОФИЦИЈАЛНО: Поради полицискиот час сите фудбалски натпревари ќе стартуваат во ист термин!

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија денес донесе одлука за промена на саатнината за старт на фудбалските натпревари.
Преку официјален допис, ФФМ извести дека натпревари од ПМФЛ, од двете ВМФЛ и Куп-натпревари ќе стартуваат во 13:00 часот.
Ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ поради засилувањето на антиковид-мерките од страна на владата и воведување на полициски час на територијата на цела држава со почеток од 20:00-05:00 часот наутро одлучи сите натпревари во сениорска конкуренција од Прва МФЛ, Втора МФЛ Исток и Запад и Куп на Р.Македонија да започнуваат од 13:00 часот.
Одлуката стапува на сила веднаш, стои во соопштението.