РакометРакомет - Суперлига

ОФИЦИЈАЛНО: Поради големата трагедија во Тетово, одложено првото коло од ракометната Суперлига

Поради големата трагедија која синоќа се случи во Тетово, откако изби голем пожар во модуларната болница во ковид-центарот во Тетово, каде до овој момент има 14 потврдени жртви и голем број на повредени, Владата на Република Македонија донесе одлука за прогласување на тридневна жалост на територија на цела држава.

Токму поради тоа, Ракометната федерација на Македонија го одложи стартот на новата сезона од Суперлигата, па денешните пет натпревари ќе бидат одложени и дополнително ќе бидат утврдени новите термини кога истите ќе бидат одиграни, а со тоа и официјалниот старт на новата сезона.

Денес сезоната требаше да започне со братското дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, потоа шампионот Вардар на домашен терен требаше да ја пречека новајлијата Скопје, Охрид на домашен терен против Тиквеш, Радовиш на Струга, додека пак Бутел на свој терен против Прилеп.

Како што информираше Ракометната федерација на Македонија, воведните натпревари ќе бидат одложени за во недела (12. септември).

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!