ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: „Под Тумбе Кафе“ замина во историјата: Градскиот стадион во Битола се вика „Петар Милошевски“!

Советниците на седницата на Советот на општина Битола со едногласна одлука го променија името на Градскиот стадион.

Името „Под Туме Кафе“ замина во историјата, а стадионот од денес ќе го носи името на битолската фудбалска легенда Петар Милошевски, откако Ветераните на Пелистер поднесоа иницијатива за промена на името.

Поранешниот македонски репрезентативец почина пред седум години на 40-годишна возраст. Во својата кариера Милошевски бранеше на голот на битолски Пелистер, Вардар, Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор и Еносис Паралимни, а беше и на голот на фудбалската репрезентација на Македонија на вкупно 59 натпревари.

„Со вредностите, кариерата и своите човечки и спортски дела, нашиот Петар заслужува култниот стадион каде ги направи првите чекори да го носи неговот име. Како симбол на цела генерација која одбележа една ера во македонскиот фудбал, сметаме дека преименувањето на стадионот е само мал чекор како на младите да им порачаме да го следат неговиот развоен фудбалски пат. Иницијатива за именување на стадионот по нашиот Петар постои индивидуално, меѓу навивачите, по социјалните мрежи, но овојпат сакаме како ветерани и пријатели на Петар и неговото семејство да предложиме официјално преименување на стадионот во Битола“, се вели во барањето на здружението на ветерани на клубот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!