Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: По само 20 дена Гатузо си замина од Фиорентина

Џенаро Гатузо беше најавен како нов тренер на Фиорентина пред само 20 дена, но денес италијанскиот стратег и клубот ја прекинаа соработката, а причината за ваквиот потег е недоразибрањето околу транферите во летниот преоден рок, а исто така Гатузо не бил задоволен ниту со моменталниот играчки кадар на клубот.

Во изминатите неколку денови имало жестока кавга помеѓу Гатузо и раководстовото на клубот од Серија А, која резултираше со прекин на соработката меѓу двете страни.

Фиорентина сега ќе бара нов тренер кој ќе го води клубот во новата сезона, додека Гатузо ќе бара нов ангажман.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!