Европски ФудбалФудбал

Официјално: Пешиќ во Карагумрук

Александар Пешиќ е новиот фудбалер на турски Карагумрук.

Иако постоеше можност тој да се врати во Црвена Звезда, чиј дрес го носеше пред неколку години, овој пат сепак се реши за Турција.

Пешиќ потпиша двегодишен договор со Карагумрук според кој ќе заработува 650.000 евра годишно.

Српскиот напаѓач пристигнува во клубот од Истанбул како слободен играч откако се раздели со Макаби Тел Авив поради воената состојба.

Карагумрук минатата сезона ја заврши на осмото место во турскиот фудбалски шампионат.

Во досегашната кариера, Пешиќ има играно за Раднички Ниш, Крит, Шериф, Јагодина, Тулуз, Аталанта, Црвена Звезда, Ал Итихад, Сеул и Тел Авив.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!