ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Пановски заедно со Глигоров и Панов ќе ја предводат Локомотива, Дуков и Јованов нови засилувања!

Тоа што Спортска Мрежа ексклузивно го најави пред неколку дена, денес второлигашот од Градско го потврди, Сашко Пановски се враќа во Локомотива, а стручниот штаб го составуваат и лиценцираните фудбалски тренери Никола Глигоров и Блаже Панов.

Покрај новиот стручен штаб Локомотива добива и две нови засилувања – Слободан Дуков и Кристијан Јованов кој во пакет доаѓаат од редовите на Росоман.

Абаз-Далип Омер ја напушти Локомотива и се пресели во редовите на второлигашот Воска Спорт од Охрид.

Екипата започнува со тренинзи и максимални подготовки за клучниот натпревар во Радовиш против Детонит со цел фаќање на приклучок за сигурен опстанок во второлигашкото друштво.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!