ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ОФИЦИЈАЛНО: Пане Блажевски е нов тренер на Тиквеш

Откако Раде Цицмиловиќ си поднесе оставка од второлигашот Тиквеш, нов шеф на стручниот штаб на клубот од Кавадарци е Пане Блажевски, информираат од клубот.
Цицмиловиќ во текот на есенскиот дел си поднесе оставка, а клубот довербата му да даде на Блажевски кој ќе ја води екипата во пролетниот дел од Втората лига – Исток. Тиквеш има негатива од седум бодови во однос на Брегалница која е есенски шампион, па многу веројатно е дека ќе игра бараж за влез во Првата македонска фудбалска лига.
Спортска Мрежа дознава дека клубот во следниот период ќе донесе неколку засилувања со што ќе се обиде преку бараж да обезбеди место во македонската елита.
оментари