ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Ова се сите екипи од Втора лига – Запад

Познати се сите 10 екипи кои следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората лига – Запад.

Силекс и Вардар кој минатата сезона отпаднаа од Првата лига, од следната сезона ќе продолжат во ВМФЛ – Запад. Воска од Охрид и Беса од Добри Дол се нови екипи кои ќе бидат дел од Втората лига – Запад следната сезона. Воска како шампион на ТМФЛ – Југ, додека Беса како шампион на ТМФЛ – Запад. Овие две екипи во баражот беа подобри од Фортуна, екипа која беше шампион на ТМФЛ – Север.

Екипи кои следната сезона ќе играат во Втора лига – Запад: Силекс, Вардар, Охрид, Воска, Беса, Велешта, Кадино, Тетекс, Гостивар и Кораби.

Сезоната би требало да започне на 21 август.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!