ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Ова се сите екипи кои ќе играт во Втора лига – Исток следната сезона

Со денешниот бараж натпревар и официјално е комплетирана Втора лига – Исток за следната сезона. Денес, на Градскиот стадион во Штип екипата на Братство од Житоше со минимални 1:0 славеше над Хоризонт од Турново и следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Исток.

Беласица испадна од Прва лига и од следната сезона ќе игра во ВМФЛ – Исток, а тука се и екипите на Кит Го од Пехчево, Слога од Виница, Каменица Саса, Осогово, радовишки Детонит, Локомотива од Градско, прилепска Победа, Братство и Кожуф.

Сезоната треба да започне средината од месец Август.

Екипи кои ќе играт во Втора лига – Исток следна сезона:

  • Беласица
  • Кит Го
  • Слога Виница
  • Кожуф
  • Каменица Саса
  • Осогово
  • Победа
  • Локомотива Градско
  • Братство Житоше

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!