ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Одложено извлекувањето на паровите за новата сезона од Втората лига

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека е одложен (ждребот) за утре, односно извлекувањето на паровите за новата натпреварувачка 2021/2022 сезона од Втората МФЛ Исток и Запад се одложува, а дополнително ќе биде информирано кога ќе биде извршен ждребот, дознава Спортска Мрежа.

„Почитувани клубови,

Ве известуваме дека Комисијата за натпревари на ФФМ поради технички причини одлучи да го одложи извлекувањето на паровите (ждреб) за новата натпреварувачка 2021/2022 сезона за Втората МФЛ Исток и Запад планирано за 10 август 2021 година.

За точниот ден и час на извлекувањето навремено ќе бидете информирани“, се вели во соопштението испратено до клубовите од Втората македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!