ОФИЦИЈАЛНО: Од следната сезона една Втора лига, еве кои екипи ќе испаднат, а кои ќе обезбедат учество

Од натпреварувачката 2022/23 клубовите-учесници ќе се натпреваруваат во единствена Втора македонска фудбалска лига. Тоа значи дека од следната сезона Втора лига – Запад и Исток ќе бидат споени во една.
Единствената Втора лига во сезона 2022/23 ќе брои 16 екипи.
Екипите пласирани/рангирани на 11 и 12 место во сезоната 2021/22 во Првата лига директно ја пополнуваат единствената Втора лига (2 екипи), додека пак екипите пласирани од 3 до 6 место во двете Втори лиги (Запад и Исток) директно ја пополнуваат единствената Втора лига (8 екипи).
Екипите поразени во бараж натпреварите помеѓу второпласираните екипи на конечните/табели на Втората фудбалска лига Исток и Запад, и деветто или десетто пласираната/рангираната екипа на конечната/соодветната табела од член 31а табела во Прва лига во натпреварувачката 2021/2022 година ја пополнуваат единствената Втора лига преку бараж (2 екипи).
Екипите пласирани/рангирани на 7 место во сезоната 2021/22 во двете Втори МФЛ согласно конечните табели или табелите уредени во член 31 а од овие Пропозиции играат помеѓу себе еден бараж натпревар на неутрален терен, победникот останува да се натпреварува во единствената Втора МФЛ во сезоната 2022/23 (1 екипа).
Првопласираните/рангирани екипи на табелите – сезона 2021/22 во петте Трети лиги и екипата поразена во бараж натпреварот помеѓу екипите пласирани/рангирани на 7 место во сезоната 2021/22 во двете Втори МФЛ играат по еден бараж натпревар за пополнување на 3 места во единствената Втора МФЛ сезона 2022/23. Натпреварите се играат на неутрален терен, противниците се одредуваат со ждреб, победниците ја пополнуваат единствената Втора МФЛ сезона 2022/23 (3 екипи).
�оментари