ОФИЦИЈАЛНО: Мухамед Бајрами е нов тренер на Македонија Ѓорче Петров

Од денес и официјално Мухамед Бајрами е нов шеф на стручен штаб на Македонија Ѓорче Петров. До промена на тренерското место кај „лавовите“ дојде откако Александар Таневски си поднесе оставка по поразот во Штип од Брегалница со високи 4:1.
Покрај Мухамед Бајрами во стручниот штаб ќе биде и Тони Џангаровски, а раководството на клубот се одлични за нив двајца со оглед дека му беа асистенти на Таневски.
Новиот стручен штаб веќе в среда ќе ја води Македонија Ѓорче Петров во рамки на осминафиналето од Купот на Македонија против Академија Пандев во Струмица.
„Лавовите“ во Првата лига се во голема резултатска криза бидејќи на последните пет натпревари немаат победа односно бележат четири порази и само едно реми, па ваквата резултатска криза екипата од Ѓорче ја спушти во бараж зоната односно на деветтото место со 10 освоени бодови.
Во рамки пак на 11. коло од Првата лига, Македонија Ѓорче Петров на домашен терен ќе игра против Струга Трим Лум.