ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ОФИЦИЈАЛНО: Митрев и Купанов нови засилувања на голманската позиција во Беласица

Беласица за претстојната сезона се засили со два нови играчи на дефицитарната позиција – голман. Митрев Стефан (19) е повратник во струмичкиот второлигаш, а последната полусезона ја мина во екипата на Академија Пандев.
Исто така, 19 годишниот гевгеличанец е нова аквизиција за струмичката гордост, а Филип Купанов кој доаѓа од Академија Пандев, во минатото има настапувно и за Детонит од Радовиш и гевгелиски Кожуф.
„Им посакуваме успешна сезона на Филип и Стефан во плаво-белиот дрес“, велат од клубот.