ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Миле Масларков останува претседател на Тиквеш – амбициите на клубот се Прва лига!

Тиквеш од вчера ги започна подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Исток. Како што беше вчера соопштено клубот се спрема за баражот, но доколку има шанси ќе се нападне и првото место и преку полесниот пат да се обезбеди Прва лига.

Низ кавадаречката чаршија во текот на вчерашниот ден кружат муабети дека Миле Масларков повеќе не е претседател на Тиквеш, но станува збор за шпекулации и од информации до кои дојде Спортска Мрежа, Масларков останува претседател на клубот со амбиции за Прва лига.

Вчера претседателот на клубот Масларков за РТК.мк изјави дека клубот ги задржува амбициите и дека целта е да се задржи второто место, и ако има шанси да се нападне и првото, но поради бодовната разлика со лидерот Брегалница, клубот се насочува и се подготвува за баражот.

Клубот донесе и неколку квалитетни засилувања кои ќе го подигнат нивото на клубот. Станува збор за младиот Антонио Јанев од Росоман, голман Анѓелков, како и двајца прволигашки играчи кои ќе го подигнат нивото клубот Петар Љамчевски од Гостивар и Христијан Костовски од Силекс. Во редовите на Тиквеш пристигнува и младиот Стефан Костовски од Росоман.

Тиквеш со новиот тренер Пане Блажевски ќе се подготвува во Кавадарци, а веќе се закажани и пет контролни натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!