ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Мартин Мирчевски е нов играч на ТСЦ Бачка Топола

ТСЦ Бачка Топола неочекувано ги засили своите редови со најдобриот стрелец во македонскиот шампионат.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ АПАРТМАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<

25-годишниот Мартин Мирчевски го засилува српскиот клуб, а неговиот настап во есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига е главна причина ТСЦ Бачка Топола да го обезбеди како големо засилување за пролетниот дел во српскиот шампионат.

Мирчевски е крилен напаѓач кој во Академија Пандев дојде од Вардар. Целосно блесна во дресот на „пандевци“ на 18 првенствени натпревари, имаше многу асистенции, постигна 16 гола со што тој е прв стрелец во есенската полусезона, играч чија кариера ветува успех.

Овој зимски преоден рок за ТСЦ Бачка Топола беше успешен. Успеаа да го доведат поранешниот напаѓач на „црно-белите“ Петар Шкулетиќ, а со Мрчевски ќе имаат одличен тандем за засилен напад на овој клуб.

>>> ПРОМОЦИЈА НА РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<

Српскиот клуб има за цел да обезбеди место за излез во Европа. Дека се стреми кон подобри резултати се гледа и од потегот за доведување на Мартин Мирчевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!