ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Мартин Мирчевски две години во Академија Пандев

Мартин Мирчевски е нов играч на Академија Пандев кој во Струмциа доаѓа од редовите на Вардар. 24-годишниот играч во својата кариера покрај Вардар има настапувано и за Пелистер, прилепска Победа, Беласица косовска Трепча, а со „пандевци“ се договори на две годишна соработка.

Мирчевски беше еден од најдобрите играчи во Вардар, но не успеа да го спаси од испаѓање во Втората лига – Запад. Тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски е поранешен терен на Вардар, па многу добро ги познава квалитетите на младиот битолчанец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!