ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Малеш не запира, во Берово пристигнуваат нови ПЕТ засилувања!

Како што претходно најави Спортска Мрежа, а денес први соопштуваме, третолигашот Малеш се засили со нови пет играчи за пролетната полусезона од Третата лига – Исток.

Најнови засилувања се Димитар Митевски, Андреј Митровски и Виктор Андреевски кои доаѓаат во пакет од второлигашот Кит Го. Во Берово доаѓаат и искусниот Миле Георгиев од Спартмани, како и Иле Велков од прволигашот Беласица.

Тренинг на Малеш под снежни услови

Претходно, како што Спортска Мрежа најави, Малеш се засили со Филип Гоцевски, Мики Ѓеоргиевски и Миле Димитров, додека повратници во клубот се Александар Мишовски, Давид Јанчовски и Васко Дујовски.

Со новите засилувања Малеш во однос на есенскиот дел доби на квалитет и во пролетната полусезона влегува со единствена цел – прво место и промоција во Втората лига – Исток.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!