ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ОФИЦИЈАЛНО: Македонија – Словенија ќе се игра пред публика на Националната арена

Владата на вчерашната седница донесе одлука пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Словенија кој треба да се одигра на 1. јуни да се игра со присуство на публика.

„Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која за прв пат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари, односно подготвителниот натпревар кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје да се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините. За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада“, објавија од Владата.

Дополнително Владата ќе се произнесе дали ќе има публика и за натпреварот против Казахстан, меч кој е закажан за 4. јуни.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!