РакометРакомет - Македонска репрезентација
ОФИЦИЈАЛНО: Македонија ќе игра на Светското првенство, откако Чешка се откажа!

Ракометната федерација на Македонија ќе игра на Светското првенство во Египет, откако репрезентацијата на Чешка се откажа од Мундијалот поради големиот број на ракометари кои беа заразени со Ковид-19.
Македонија како прва резерва патува за Египет со што го продолжи континуитетот на големите настани. Во подготовките Македонија одигра два пријателски натпревари против Чиле во Скопје, во кои нашата селекција запиша победа.
Македонија во овој случај ќе биде во групата Г заедно со Египет, Шведска и Чиле.