ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Конечно донесена одлука за старт на сезоната во Трета лига – Југ

На неизвесноста и дојде крајот, конечно ќе започне сезоната во Третата фудбалска лига – Југ.

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, на 23. јануари ќе има состанок со раководството на ТМФЛ – Југ и клубовите, а веќе на 20. февруари ќе биде означен стартот на сезоната која требаше да започне уште во септември минатата година, но поради протоколите за заштита од Ковид-19, тој беше пролонгиран во неколку наврати, за истиот да се случи конечно годинава.

Планот е сезоната да биде одиграна во пролетниот дел, односно до крајот на месец мај, а како што дознава Спортска Мрежа сите клубови кои нема да се натпреваруваат автоматски ќе бидат дисквалификувани во Општинската лига.

Доколку дозволат временските прилики сезоната ќе започне на 20. февруари, според моменталните проколи за заштита од Ковид-19.

Вардар Неготино веќе ги започна подготовките за новата сезона, а пак Росоман веќе на 18. јануари ќе означи старт. Овие две екипи влегуваат со цел да играат во баражот кој може да ги однесе во Втората фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!