РакометРакомет - Македонска репрезентација

ОФИЦИЈАЛНО: Кире Лазаров е новиот СЕЛЕКТОР на Македонија!

Кирил Лазаров е новиот селектор на машката сениорска репрезентација, денес и официјално потврди Ракометната федерација на Македонија.

На вчерашниот состанок на УО на РФМ, беше донесена одлука со која Лазаров е назначен за нов селектор на репрезентацијата со договор од пет години.

„Ве известуваме дека на денешната прес-конференција одржана online Претседателот на Ракомететната Федерација на Македонија г-динот Живко Мукаетов ги информираше претставниците на медиумите дека на одржаната Седница на Управниот Одбор на РФМ на ден 12.02.2021 година, членовите на Управниот Одбор на РФМ едногласно го усвоија предлогот за назначување на г-динот Кирил Лазаров за Селектор/Тренер на сениорската машка ракометна репрезентација.

На денешната прес-конференција присуствуваше и се обрати г-динот Кирил Лазаров, кој се заблагодари на добиената поддршка од страна на РФМ и ги информираше претставниците на медиумите дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците, членовите на новиот стручен штаб“, се вели во соопштението на Ракометната федерација на Македонија.

Лазаров најави дека следната недела ќе биде познато кои ќе бидат неговите помошници во стручниот штаб, а исто така ќе биде објавен и првиот список со играчи за следните квалификациски дуели.

Најголемиот македонски ракометар во историјата до крајот на месецот ќе донесе одлука дали ќе продолжи да игра ракомет и следната сезона или играњето ракомет ќе го заврши оваа година, но Лазаров се надева дека ќе игра уште една година.

Лазаров ќе биде селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастер-коуч дипломата, а потоа ќе има четиригодишен договор како селектор.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!