ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Ќатип Османи и Ренова ја продолжија соработката

Ренова и еден од нашите најдобри тренери Ќатип Османи и во следната сезона ќе соработуваат, откако денес беше официјализирана новата соработка. Османи со „гипсарите“ договори едногодишна соработка.

Клубот од Џепчиште сега ќе работи на градење на екипата за следната сезона со соодветни засилувања. Инаку, „гипсарите“ го сочуваа прволигашкиот статус откако на пенали во баражот со Охрид беа подобри.

Со Ќатип повторно ќе работи некоговиот помошник Башким Ливорека.

„Со задоволство ве известуваме дека денес ја продолживме соработката за следната сезона со тренерот Ќатип Османи и неговиот помошник Башким Ливорека“, напишаа од Ренова на социјалните мрежи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!