ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Кабир Исеини ја продолжи соработката со новиот второлигаш Арсими

Голманот Кабир Исеини ја продолжи соработката со новиот второлигаш Арсими и за следната натпреварувачка сезона.

Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен

22-годишниот голман и капитен стави потпис на нов едногодишен договор со „жолто-црниот“ тим, а клубот најавува дека започнуваат да формираат тимот за следната сезона започнувајќи од голманот и капитенот.

Исеини е фантастичен чувар на мрежата на второлигашот од Чегране. Во сезона 2021/2022 во Трета лига – Запад, голманот Исеини прими само 20 погодоци, со што беше најдобар во лигата, додека пак во сезона 2020/2021 прими 16 погодоци и беше втор голман со најмалку примени погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!