Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Јувентус го разреши Андреа Пирло

Како што се очекуваше, Јувентус го разреши Адреа Пирло, па за следната сезона италијанскиот гигант добива нов тренер.

Легендата на Јуве по само една година го напушта кормилото на клубот, а отказното решение го добил утрово.

Пирло немаше голем успех со Јувентус, резултати и играта на „старата дама“ не го оправдаа очекуваното и навивачите беа премногу разочарани, а клубот во последното коло успеа да обезбеди учество во Лигата на шампиони.

Нов наследник на Пирло ќе биде Масимилијано Алегри, стратег со кој во минатото Јувентус доминираше во Италија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!