ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Илија Сасански е нов шеф на стручниот штаб на Детонит

Повратникот во Втората лига – Исток, екипата на Детонит од Радовиш, од денес има нов шеф на стручниот штаб. Илија Сасански е наследник на Аце Стојанов кој си заминува од кормилото на радовишкиот второлигаш поради семејни причини.

„фК Детонит за утрешниот натпревар со ФК Кит Го ќе има нов стратег – тимот ќе го води тренерот Илија Сесански, првиот тренер Аце Стојанов се повлекува поради семејни причини и обврски“, се вели во соопштението на клубот.

Сасански кој беше дел од стручниот штаб во Детонит од денес го превзема местото на Стојанов и веќе утре ќе ја води екипата против Кит Го во Штип.

Инаку, Сасански поседува УЕФА – А и УЕФА – Б лиценца, како и национална лиценца за фитнес во фудбал, додека негова специјалност му е кондициска подготовка на фудбалерите.

Во првото коло Детонит на домашен терен загуби со 0:2 од фаворитот Беласица, а утрешниот натпревар за радовишани ќе биде тежок со оглед на фактот што играа против фаворит кој претендира за врвот, како и фактот што играат на „жешкиот“ терен во Штип.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!