ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ОФИЦИЈАЛНО: Игор Вандерсон Да Силва е ново засилување на Шкендија

Есенскиот шампион Шкендија и официјално се засили со бразилскиот интернационалец Игор Вандерсон Да Силва.
24-годишниот офанзивец стави потпис на договор од година ипол, а Шкендија ќе биде негов трет европски клуб, после Бурсаспор и Газиантеп. Бразилецот својата кариера ја започна во бразилски Метрополитано.
Да Силва кој ќе го носи бројот 13 во Шкендија е трето засилување после Хебајт и голманот Рамани.