ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Гоце Седлоски е нов тренер на Шкупи (ФОТО)

Гоце Седлоски од денес и официјално е новиот тренер на Шкупи, откако двете страни денеска потпишаа едногодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Седлоски е четврт тренер кој седнува на тренерското столче на прволигашот од Чаир во тековната сезона. За Седлоски ова е камбек во мак-фудбалот, тој успешно го водеше Вардар од 2015 до 2017 година, а работеше и во Турново, Рига, Шорки Бријег и Динамо Загреб.

„Сакам да им се заблагодарам на челниците на клубот кои ми ја укажаа довербата. Разговаравме и во текот на зимава, но тогаш не најдовме заеднички јазик, но сега успеавме да се договориме за да дојдам во Шкупи. Знам дека многу се вложува во овој клуб, ангажирани се бројни засилувања, но искрено кажано јас познавам само двајца-тројца од овие играчи од времето додека го водев Вардар. Овие шест меча до крајот на сезонава се добра можност за докажување, сите ќе почнат од нула, ќе добијат шанса да докажат колку вредат. “, изјави Седлоски по потписот на договорот со Шкупи.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!