ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Ѓорге Стојчев ќе ја предводи Академија Пандев

Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на прволигашот Академија Пандев.
Раководството на клубот од Струмица одлучи дека Стојчев е најдоброто решение за тренер на сениорскиот тим и ја има целосната доверба од сите во клубот. Стојчев е дел од Академија Пандев од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски.

„Со среќа Шефе и ти посакуваме големи успеси“, велат од струмичкиот прволигаш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!