ОФИЦИЈАЛНО: Ѓоре Јовановски е нов тренер на Беласица, се преговара со неколку домашни и странски фудбалери!

Како што претходно пишувавме, Ѓоре Јовановски официјално од вчера е нов шеф на стручниот штаб на Беласица. Преговорите финиширале кон крајот на вчерашниот ден, а веќе во понеделник се очекува и промоција на Јовановски како тренер на струмичкиот прволигаш.
Искусниот Јовановски во својата кариера ги има предводено Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Милано од Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Работнички, Шкендија, Брегалница од Штип, турски Самсунспор. Јовановски исто така е и поранешен селектор на македонската репрезентација.
Како што дознаваме раководството на клубот и Јовановски веќе преговараат со неколку странски и домашни фудбалери, со цел да се направи тим кој во пролетната полусезона ќе може да избори опстанок во македонската елита, со оглед на фактот дека Беласица е на дното од табелата со 9 бодови, и има негатива од 11 бодови до зоната за бараж и 13 бодови негатива од осмата позиција која е сигурна за опстанок.
Беласица зимските подготовките треба да ги започне од понеделник.
Инаку, струмичкиот прволигаш остана без голманот Дејан Силјаноски, младиот стопер Игор Паноски, младиот Дарко Размоски, бразилскиот ас Робсон кој се врати во Македонија Ѓорче Петров, а од денес остана и без дефанзивецот Јордан Серафимовски.
Еден Коментар