ОФИЦИЈАЛНО: Голманот Трајковски си замина од Воска Спорт

Голманот Горан Трајковски си замина од Воска Спорт поради истек на договорот со охридскиот второлигаш. 25-годишниот голман од Куманово беше обврзан со охридскиот клуб до крајот на сезоната, а соработката нема да биде продолжена дознава Спортска Мрежа.
Трајковски сега е слободен играч и кариерата ќе ја продолжи во нов клуб. Во тековната сезона Трајковски 20 пати стоеше на голот на Воска Спорт и бранеше во баражот против прволигашот Тиквеш, историскиот меч кој охриѓани го загубија и остануваат во Втората фудбалска лига и следната сезона. Трајковски имаше одлична сезона во дресот на Воска Спорт дури 10 натпревари имаше чиста мрежа – без примен погодок од вкупно 20 натпревари што ги бранеше сезонава во која Воска Спорт испиша историја.
Трајковски во Охрид пристигна од Силекс, а во својата кариера настапуваше и за Работнички, прилепска Победа, Македонија Ѓорче Петров, како и радовишка Плачковица.
За младиот и перспективен голман има интерес од голем број на екипи од домашното првенство.