ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Голманот Трајковски се раздели со Силекс

Голманот Горан Трајковски си замина од кратовски Силекс поради истек на договорот. 24-годишниот голман од Куманово имаше договор со клубот до крајот на сезоната, а откако клубот испадна во Втората лига – Запад соработката не беше продолжена откако двете страни не најдоа заеднички јазик.

Трајковски сега е слободен играч и својата кариера ќе ја продолжи во нов клуб. Трајковски имаше одлична сезона, 14 пати стоеше на голот на Силекс во Првата лига, а во четвртфиналето од Купот на Македонија го исфрли фаворитот Шкендија откако одбрани два пенали во пенал-рулетот.

Со својата кариера Трајковски покрај Силекс настапуваше и за Работнички, Победа од Прилеп, Македонија Ѓорче Петров и радовишка Плачковица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!