ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Голманот Силјановски си замина од Борец!

Голманот Дејан Силјановски го напушти велешкиот прволигаш Борец и останува слободен играч, дознава Спортска Мрежа.

Откако главниот финансиер Кочо Анѓушев се повлече од Борец, клубот има неизвесна ситуација, па неколку играчи меѓу кои и 26-годишниот голманот Силјановски веќе си заминаа.

Тој во Борец пристигна од редовите на Беласица каде ја помина есенската полусезона, а во својата кариера има настапувано и за Тетекс, Локомотива Бентоекспорт и Каменица Саса.

Силјановски во следните денови ќе ги разгледува понудите од клубовите за продолжување на неговата кариера.

Освен Силјановски, клубот го напуштија и Никола Прелчец кој го засили Работнички, Никола Ристески, Оливер Стоименовски, Стојан Стојчевски, колумбиецот со македонски пасош Борха кој го засили Кит Го, тренерот Горазд Михаилов, како и помошникот тренер Ангел Темелков.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!