ОстанатоФудбалФутсал

ОФИЦИЈАЛНО: Футсал дербито меѓу Арбен Бајрами и Проект ќе се игра во „Јане Сандански“ во Скопје!

И официјално футсал дербито меѓу Арбен Бајрами и Проект ќе се одигра во Скопје наместо во Кавадарци на неутрален терен, откако Фудбалската федерација на Македонија ја промени својата одлука со која претходно одлучи овој меч да се игра во Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, за што Спортска Мрежа информираше во текот на вчерашниот ден.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

ФФМ денес со нов допис информираше дека натпреварот ќе се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје во недела со почеток од 14:30 часот.

Проект преку соопштение вели дека ФФМ со нов допис се „пишмани“ за вчерашната одлука, но велат дека во Скопје ќе остварат нова победа.

Целосното соопштение на Проект:

„Фудбалската федерација на Македонија со нов допис се „пишмани” за вчерашната одлука со која натпреварот од 14-то коло во кој за противник ќе ги имаме и КМФ АРБЕН БАЈРАМИ и КМФ ШКУПИ, наместо во Кавадарци како што одлучија вчера, сепак ќе се игра во спортскиот центар „Јане Сандански” во Скопје! Ние сме клуб од мало место, од провинција, нема повеќе ништо да коментираме, но се што имаме ќе кажеме на теренот во Јане! А на вас наши браќа и сестри ви ветуваме дека ќе оствариме нова победа од Скопје, за да ви се оддолжиме за целата подршка, како и да покажеме и докажеме дека најдоброто од футсалот во Македонија, во моментот е КМФ Проект!“

Во текот на вчерашниот ден како што информираше Спортска Мрежа актуелниот шампион Проект излезе со соопшение преку кое се велеше дека е можен „екипен трансфер“ на Шкупи во Арбен Бајрами во пресрет на дербито од 14. коло меѓу Арбен Бајрами и Проект, по што ФФМ донесе одлука овој меч да се игра на неутрален терен во Кавадарци. Од Арбен Бајрами веднаш реагираа дека ваквата одлука е донесена без силна причина и без нивна дозвола ФФМ одлучила натпреварот да се одигра во Кавадарци. Веќе денес следуваше промена на одлуката на ФФМ и овој натпревар ќе се одигра во Скопје во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во општина Аеродром.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!