ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Филип Гачевски се врати на голот во Вардар!

Вардар за пролетната полусезона во Втората лига – Запад договори големо засилување и потпиша договор со голманот Филип Гачевски.

31-годишнико до 2022 година настапуваше во дресот на Вардар, од каде замина во редовите на кипарски Енозис.

Гачевски потпиша тригодишен договор со Вардар, а како повратник ќе го носи дресот со број 51. Во својата кариера Гачевски покрај за Енозис и Вардар има настапувано и за Брегалница, Лустенау, Капфенберг и Мура.

“Огромна чест, задоволство и мотив ми претставува враќањето во Вардар. Цврсто верувам во овој нов проект на клубот и доаѓам со цел да помогнам што поскоро да се вратиме на местото кое ни припаѓа, во самиот врв на Македонскиот фудбал. Посебна благодарност до управата на клубот, до сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски со кои лесно најдовме заеднички јазик, цели и амбиции. Со нетрпение го очекувам продолжетокот на првенството повторно да заиграм пред пред најдобрите навивачи Комити“, изјави Гачевски.

Варда го очекува тешка пролет бидејќи има 12 бодови негатива во однос на непоразениот лидер Силекс, а три бода негатива во однос на второпласираната Воска Спорт.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!