ФудбалФудбал - Прва женска лигаФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Еве кои од прекинатите фудбалски лиги викендот ќе продолжат!

Откако Владата пред околу две недели ја донесе одлуката за задолжителни ПЦР-тестови пред секој натпревар, Третата фудбалска лига, Првата женска фудбалска лига, футсалот и младинските лиги беа ставени во мирување на неодредено време.

Денес добивме информација дека Првата женска фудбалска лига ќе продолжи со натпреварите и викендот ќе биде одиграно 23. коло. За петок и сабота е предвидено да се изврши тестирање со ПЦР-тестови, а во недела ќе бидат одиграни натпревари.

Во однос на останатите фудбалски лиги кои се во мирување на неодредено време, во моментот немаме добиено информација дали и кога би продолжи со натпреварување.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!