ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Еве кои екипи и како од Трета лига можат да обезбедат пласман во Втора лига!

Како што информираше Спортска Мрежа од следната натпреварувачка 2021/2022 сезона ќе има единствена Втора македонска фудбалска лига која ќе брои 16 екипи, тоа значи дека новата сезона од Втората лига која треба да започне кон крајот од август ќе биде последна во која ќе имаме два региона, односно две Втори лиги, Исток и Запад.

Ваквата промена во Втората лига ќе донесе големи промени и во петте Трети лиги во однос на обезбедувањето на пласман, односно учество во Втора лига.

Првопласираните/рангирани екипи на табелите – сезона 2021/22 во петте Трети лиги и екипата поразена во бараж натпреварот помеѓу екипите пласирани/рангирани на 7 место во сезоната 2021/22 во двете Втори МФЛ играат по еден бараж натпревар за пополнување на 3 места во единствената Втора МФЛ сезона 2022/23. Натпреварите се играат на неутрален терен, противниците се одредуваат со ждреб, победниците ја пополнуваат единствената Втора МФЛ сезона 2022/23 (3 екипи).

Во претходната сезона победникот во Третата лига – Југ и Третата лига – Исток обезбедуваше директно учество во Втора лига – Исток, додека второпласираните екипи во Трета лига – Југ и Трета лига – Исток играа бараж за влез во Втора лига – Исток. Од друга страна пак, првопласираните екипи во Трета лига – Запад, Југозапад и Север играа бараж, а две од овие три екипи обезбедуваат учество во Втора лига – Запад.

Во новата сезона директно учество од Трета лига во Втора лига ќе нема, тоа значи дека првопласираните екипи, како и поразената екипа од баражот меѓу двете седмопласирани екипи од Втора лига – Запад и Втора лига – Исток ќе играат бараж за влез во Втора лига.

Бараж од Трета лига за влез во Втора лига:

Шампион во Трета лига – Југозапад
Шампион во Трета лига – Запад
Шампион во Трета лига – Север
Шампион во Трета лига – Југ
Шампион во Трета лига – Исток
Екипата поразена во бараж натпреварот помеѓу екипите пласирани/рангирани на 7 место од Втора лига – Исток и Запад.

Како ќе изгледа Втора лига следната сезона:

  1. Прволигашка екипа од 12. место (директно испаѓа)
  2. Прволигашка екипа од 11. место (директно испаѓа)
  3. Бараж: Второпласирана екипа од Втора лига – Исток и прволигашка екипа на 10/9 место (поразената екипа оди во Втора лига).
  4. Бараж: Второпласирана екипа од Втора лига – Запад и прволигашка екипа на 10/9 место (поразената екипа оди во Втора лига).
  5. Третопласирана екипа од Втора лига – Запад
  6. Третопласирана екипа од Втора лига – Исток
  7. Четвртопласирана екипа од Втора лига – Запад
  8. Четвртопласирана екипа од Втора лига – Исток
  9. Петтопласирана екипа од Втора лига – Запад
  10. Петтопласирана екипа од Втора лига – Исток
  11. Шесттопласирана екипа од Втора лига – Запад
  12. Шесттопласирана екипа од Втора лига – Исток
  13. Бараж: Победникот меѓу седмопласираните екипи во Втора лига – Запад и Исток
  14. Бараж: Шампион од Трета лига
  15. Бараж: Шампион од Трета лига
  16. Бараж: Шампион од Трета лига + поразена екипа од баражот на седмопласираните екипи

Поврзани Наслови

Еден Коментар

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!