ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Драган Стојков е нов играч на Тиквеш, најавени уште неколку засилувања

Кавадаречкиот прволигаш Тиквеш денес го промовираше играчот за врска Драган Стојков како најново засилуање. Стојков во Кавадарци доаѓа од редовите на Работнички.

>>> ВАШАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА НА КОТВА.МК <<<

33-годишниот струмичанец ќе биде големо засилување за Тиквеш и тренерот Влатко Костов кој во пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига ќе влезе комплетно реновиран и ќе треба да го поправи впечатокот од есенскиот дел.

Целта на Тиквеш ќе биде во пролетната полусезона да избори сигурен опстанок во елитното друштво и за следната сезона, а Стојков кој е и некогашен репрезентативец на Македонија со своето домашно и интернационално искуство ќе треба да му помогна на Тиквеш во остварување на целта.

Од кавадаречкиот прволигаш најавуваат уште две до три звучни засилувања кои треба да бидат реализирани во следните денови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!