ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Димитар Капинковски нов тренер на Победа

Второлигашот Победа од вчера и официјално го назначи Димитар Капинковски за нов Шеф на Стручниот штаб.

Капинковски е поранешен играч на црвено-белите. Дресот на Победа го носеше од 2002 до 2009-тта година, период во кој беше дел од составите кои освоија две шампионски титули и 4 години настапи со Победа на меѓународна сцена. Во дресот на најпопуларниот прилепски колектив Капинковски има одиграно околу 200 натпревари. Во репрезентативниот дрес има 9 натпревари.

Минатата сезона, а и до скоро беше тренер на прволигашот Пелистер од Битола.

Прилепчани по 14 одиграни кола во Втората фудбалска лига – Исток се наоѓаат на второто место со 29 бодови, три помалку од лидерот Слога од Виница.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!