ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Џенгис Реџепи е нов тренер на второлигашот Беса (ФОТО)

Македонскиот второлигаш Беса од Добри Дол официјално го промовираше Џенгис Реџепи како нов тренер кој ќе има за цел да избори опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона.

Реџепи кој има 39 години ќе биде трет тренер на клубот од Добри Дол, откако претходно Бујар Ислами и Менсур Јакипи си заминаа од тренерката позиција на овој второлигаш.

Инаку, Реџепи е поранешен асистент на Игор Ангеловски во македонската репрезентација и беше дел од Европското првенство каде Македонија настапи за прв пат во историјата, а претходно беше тренер во Суперлигата на Косово.

Овој второлигаш има долгорочен проект чија цел е Беса да игра во Првата македонска фудбалска лига, па тоа е една од главните причини Реџепи да се врати во македонскиот фудбал.

Есенската полусезона во Втората лига – Запад екипата на Беса ја заврши на претпоследното место на табелата со 13 освоени бодови и се наоѓа во опасната зона за директно испаѓање во Трета лига – Запад.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!