Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Депај е нов играч на Барселона, Куман прави ПЕКОЛЕН ТИМ за следната сезона!

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај е новиот фудбалер на Барселона, потврди каталонскиот клуб на својата официјална веб-страница.

Депај пристигна во Барселона како слободен агент откако му истече договорот во Лион, и иако многу други екипи беа заинтересирани за неговите услуги, тој на крајот потпиша договор со овој шпански клуб пред се затоа што сакаше да игра за тренерот Роналд Куман.

Барселона веќе ги донесе десниот бек Емерсон од Бетис, како и Агуеро и Гарсија од Манчестер Сити во овој преоден рок и нема сомнеж дека каталонскиот тим ќе има пеколен тим подготвен да се бори за сите трофеи следно сезона. Холандискиот напаѓач потпиша договор до 2023 година.

Што се однесува до Депај, тој ја започна својата кариера во ПСВ за кој играше од 2011 до 2015 година, по што направи голем трансфер во Манчестер Јунајтед каде го донесе Луис Ван Гал. Сепак, тој не се снајде најдобро на „Олд Трафорд“, па во 2017 година замина во Лион, каде доживеа целосна афирмација. Дебитираше за репрезентацијата на Холандија во 2013 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!