ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Дарко Тофилоски е нов голман на Тиквеш, претставен и Ивановски

Новиот прволигаш Тиквеш продолжува со засилувањата за новата сезона во Првата лига.

Нов голман на кавадаречкиот прволигаш е Дарко Тофилоски.

Искусниот голман е поранешен репрезентативец на Македонија, а искуството на 35-годишниот Тофилоски ќе биде од големо значење за Тиквеш на голманската позиција.

Новото засилување на Тиквеш по освојувањето на шампионските титули со Победа во сезона 2003/04 и 2006/07 изгради успешна интернационална кариера во Шафхаузен, Кошице, Ружомберок, Дунајска Среда и Алашкерт.

Тиквеш вчера ги започна подготовките за новата сезона и го претстави Иван Ивановски од Силекс како ново засилување. Екипата предводена од Пане Блажевски ќе добие дополнителни четири странски засилувања, за што веќе Спортска Мрежа објави.

Главниот дел од подготовките ќе биде одработен во Охрид, а пред заминувањето ќе бидат одиграни два контролни натпревар со Македонија ЃП и Работнички, додека покрај езерото се предвидени три контролки, а „генералката“ е планирана за 1 август.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!