ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Дарко Илиески ја засили Струга Трим Лум

Прволигаш Струга Трим Лум го доведе првото засилување во јануарскиот преоден рок. Дефанзивецот Дарко Илиески од редовите на словенечкиот Копер е ново засилување за Струга, со што Илиески се враќа во домашниот шампионат.

Илиески стави потпис на едногодишен договор со Струга Трим Лум и треба да биде засилување во одбраната на местото на Јасмин Мециновиќ кој кариерата ја продолжува во шампионатот на Бангладеш.

Илиески во кариерата покрај за Копер играше и за Пелистер, Борец, Тиквеш, Победа, Металург, 11 Октомври, а во Ерменија за Ширак.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!