Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Чалханоглу потпиша за Интер!

Хакан Чалханоглу е ново засилување за шампионот Интер. Турската фудбалска ѕвезда не најде заеднички јазик со Милан за продолжување на соработката, па реши да премине во градскиот ривал и да го „предаде“ Милан.

27-годишниот турски репрезентативец на маса имаше многу понуди, а тој се реши да ја прифати понудата на италијанскиот шампион и стави потпис на договор од три години.

Според италијанските медиуми Чалханоглу ќе заработува по пет милиони годишно, еден милион повеќе од сумата што му ја понуди Милан.

Чалханоглу во моментот нема никакви обврски, бидејќи Турција ги заврши настапите на Европското првенство со тотално разочарување односно со три порази во групната фаза.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!