Европски ФудбалФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Буфон се врати во Парма по 26 години

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, 43-годишниот Италијанец Џанлујџи Буфон, сè уште нема да се пензионира. Следната сезона тој ќе го брани голот на Парма, клубот во кој ја започна својата фантастична кариера пред нешто повеќе од две и пол децении.

Сега кога се ближи крајот на неговата кариера, Буфон реши да се врати таму каде што започна сè. Тој стапна на голот на Парма уште во 1995 година кога имаше само 17 години и бранеше до 2001 година кога се пресели во Јувентус.

Тој израсна заедно со овој клуб и прерасна во еден од најдобрите во Италија, а подоцна и во Европа и во светот.

Го доби прекарот Супермен и се пресели во Јувентус. Трансферот изнесуваше околу 100 милијарди лири, што беше околу 52 милиони евра, што го прави најскапиот голман на светот.

Како голман на црно-белите од Торино, тој собори бројни рекорди и освои вкупно 21 трофеј. Единствено за што жали е трофејот во Лигата на шампионите. Исто како што недостига титулата европски шампион со италијанската репрезентација, иако со „аѕурите“ го освои Светското првенство во 2006 година.

Тој бранеше вкупно 176 натпревари за „аѕурите“, што го прави апсолутен рекордер.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!