ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Братство Житоше се засили со Еркан Шаип

Новајлијата во Втората лига – Исток, екипата на Братство од Житоше се засили со Еркан Шаип. 22-годишниот напаѓач во Житоше доаѓа од редовите на шампионот на Третата лига – Север, Фортуна.

Шаип минатата сезона беше најдобар стрелец во ТМФЛ – Север со 17 години, тој потекнува од школата на Металург, а има настапувано за Скопје, Илинден, Маџари Солидарност, Вардар Форино и последно Фортуна.

Братство со искуството на Шаип добива огромен квалитет во нападот за тековната сезона од Втората лига – Исток.

Своето деби во дресот на Братство, Шаип ќе го има во недела против фаворитот Беласица во натпревар од 2. коло кој се игра на „Могила“.

Инаку, во првото коло екипата на Братство беше поразена со минимални 1:0 на гостување во Виница кај Слога.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!